Здружението „Макстрипови” го објави првиот конкурс за стрип корица на единствениот македонски стрип фестивал „Стрип трип“ кој ќе се одржи на 8 и 9 јуни во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје.

Тема на конкурсот е „Самураи во Твојот Град“, а димензиите се по сопствен избор, но се сугерира тие да бидат А3 на 300 dpi. Нема ограничување на возраста на учесниците а делата може да се пратат на makstripovi.ngo@gmail.coм или на адреса на Здружението „Макстрипови”.

Рокот за испраќање е заклучно со 26 мај, а селектираните дела ќе добијат своја изложба во рамки на фестивалот, кога и ќе се прогласат и победниците. Време е да ја размрдаме стрип-културата во Македонија и да докажеме дека имаме ценети таленти, порачуваат од Здружението „Макстрипови”.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.