Во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености 2022“ вечер во Музејот на македонската борба ќе се одржи концертот „Вивалдијада“.

Како што информира Дирекцијата за култура и уметност, ќе настапи оркестарот „Полифонија“ со гости професори од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и солистите: Ивана Здравкова, Бојана Митковска, Александар Ицковски, Филип Гечовски, Алек Гравчевски, Јосипа Василевска и Барбара Гиноска.

Според програмата, Алек Гравчевски – соло фагот ќе настапи со Концерт за фагот и оркестар во а-мол (RV 497), Јосипа Василевска – соло флејта со „Allegro – La Tempesta di Mare (op.10 no.1)“, а Барбара Гиноска – соло флејта со „Allegro od ill Gardelino (op.10 n.3)“.

Филип Гечовски – соло гитара ќе настапи со Концерт за лаута, две виолини и континуо во Де-дур (RV 93), Александар Ицковски – соло виолончело со Концерт за виолончело и оркестар во Це-дур (RV 399), а
Ивана Здравкова и Бојана Митковска – соло виолини со Концерт за две виолини и оркестар во а-мол (RV 522 op.3 no. 8)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.