По повод  двестегодишнината од раѓањето на Шандор Петефи, Македонско-унгарското друштво за пријателско, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје на единаесети април во 19.00 часот организира книжевна  средба, на која ќе учествуваат истакнати македонски писатели и научници, како и бројни унгарски следбеници и почитувачи на делото на големиот унгарски поет. Уводно обраќање ќе има претседателот на друштвото, академик Витомир Митевски, а на средбата ќе учествува и амбасадорот на Унгарија во Македонија, Андраш  Клеин. Стихови од книгата Лира и меч, во препев на македонски јазик на Паскал Гилевски, ќе интерпретира Антонио Павловски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.