По повод меѓународната манифестација „Ноќ на книгата“, Францускиот институт-Скопје денеска од 17 часот ќе организира книжевна средба.

Ќе бидат читани текстови и песни по избор на учениците од Француското меѓународно училиште во Скопје и од двојазичните паралелки во гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Орце Николов“ и на студентите од Катедрата за француски јазик на Филолошкиот факултет.

Бројот на присутни на настанот е ограничен на 15 лица, со претходна резервација на culture@ifs.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.