Денеска, 7 декември (среда), со почеток од 19 часот во КСП Центар – Јадро ќе се одржи јавна дискусија и интерактивнопредавање на театарскиот колектив GEHEIMAGENTUR од Хамбург.

Модератори: Кристина Леловац и Филип Јовановски

• Програма

19:00-19:45 | ASK & TELL

Матијас Антон (Matthais Anton) и Јулиа Мунц (Julia Münz) od Хамбург, ги споделуваат своите приказни за различни проекти на Geheimagentur и пријателите. Ќе видите снимки од уметнички проекти во јавen простор, училишта и театри во Хамбург, Кина и на други места.

www.geheimagentur.net www.kulturagenten-hamburg.de

Банката за горење пари, агенцијата Алиби, Казиното на трикови, Собранието на вистински и други пирати, Црната банка, Жените од седумте мориња – тајна агенција произведува ситуации и институции кои се чини дека се измислени, но сепак го издржуваат тестот на реалноста. Перформансите на тајната агенција создаваат друга реалност наместо да го потврдуваат стариот свет со критички гестови. Тие отвораат патишта за бегство од штедењето и ве носат на патување со неверојатно возење. тајната агенција создава форуми за нечуени гласови и ги истражува задоволствата на идното заедништво. тајната агенција работи анонимно, трансдисциплинарно и меѓународно. Основана е да користи уметнички средства и ресурси надвор од акумулацијата на индивидуална слава. Тајната агенција е независна трупа, отворен колектив и практична вежба во светот на „уметноста да се биде многу“.

19:45-21:00 | ШТО Е ТЕАТАР ВО ОВИЕ ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНИ ПРАКСИ?

Рефлексија на изведувачка интервенција во јавен простор ГРАДОТ КАКО СЦЕНА – ИЗГУБЕНИ МОДЕРНИСТИЧКИ УТОПИИ премиерно изведена на 47 МОТ.
Модераторка: Кристина Леловац, актерка, изведувачка и вонредна професорка по актерска игра на УКИМ ФДУ.

Учесници: Matthais Anton и Julia Münz – колектив Geheimagentur (Hamburg)
Соработници/истражувачи и изведувачи во проектот ГРАДОТ КАКО СЦЕНА: Студентите по архитектура: Димитар Милев и Тамара Џерков, актерот Дениз Ајдаревиќ, и студенти по театарска режија: Александар Јовановски, Борче Василески,
Публика во рамки на 47 МОТ:
Филип Христовски(актерк). Ивица Димитриевиќ(актер), Јасмина Василева(актерка). Владимир Јанчевски (куратор)

 

За проектот :
ГРАДОТ КАКО СЦЕНА – ИЗГУБЕНИ МОДЕРНИСТИЧКИ УТОПИИ
Перформативна инсталација во јавен простор
Автори / Филип Јовановски и Миодраг Куч
Премиерна изведба 19.11.2022 / 47 МОТ фестивал.
Учесници/истражувачи/изведувачи во досегашниот (2021-2022) процес: Миодраг Куч, Филип Јовановски, Јана Брсакоска, Љубиша Арсиќ, Симона Димковска, Кристијан Караџоски, Борис Бакал, Културно ЕХО, City Scope, Луна Шаламон, Дениз Ајдаревиќ, Деница Стојковска како и студентите од архитектонски факултет Скопје: Тамара Џерков, Димитар Милев, Сандра Николовска, Бојана Исијанин, Стефан Танков и студенти од Факултетот за Драмски уметности Скопје: Александар Јовановски, Мартина Данаиловска , Марија Талеска, Мартина Петреска,
Иван Вртев.

Продукција: Борис Василески
Кураторска поддршка: Ивана Васева
Соработници на продукција: Александар Јовановски, Денис Ајдаревиќ, Луна Шаламон, Мартина Петреска
Музичка интервенција: Дуо „Алембик“
Продукција: ФРУ/АКТО фестивал за современа уметност www.akto-fru.org/en/
Центар за уметност и урбанизам (Берлин) www.zku-berlin.org/
Фрлачи на Сенки(Загреб) www.bacaci-sjenki.hr/en/about/

ДОМЧЕ – (МОЖЕБИ) НАЈМАЛИОТ БРУТАЛИСТИЧКИ ОБЈЕКТ НА СВЕТОТ

На 3ти јули 1973, во Скопје, е пуштен во употреба еден објект кој припаѓа на бруталистичката постземјотресна архитектура, зградата на месната заедница Тафталиџе и воедно и културен центар, кој што граѓаните го викаат „Домче“. ДОМЧЕ е една мала куќа која припаѓа на населбата. Куќа изградена за граѓаните.
Дванаесет приказни со наслов ДОМЧЕ (можеби) најмалиот бруталистички објект на светот, се пишувани како дел од долгорочниот уметнички интердисциплинарен проект на Филип Јовановски со наслов ГРАДОТ КАКО СЦЕНА – Изгубени модернистички утопии.
Проектот преку методологијата на читање на објектот, користејќи различни пристапи на истражување и вклучување на заедницата и експертите од различни области, користејќи сценски средства, јавниот простор го трансформира во сцена на која се „изведуваат” проблемите на заедницата. Приказните се пишувани низ процес на истражување, работни средби, работилници како и користење на архиви, библиотеки, видео и аудио интервјуа со корисници на просторот, разговори, архивски приватни видеа и фотографии од граѓани кои биле дел од животот во ДОМЧЕ.
Овие приказни, зградата ја трансформираат во „текст” кој треба да се допишува, надополнува, додава и одзема, како една жива книга која секоја генерација мора да ја чита одново.

Организатори на настанот:
Факултет за работишто не се учат – ФРУ, Скопје, како дел од 17. АКТО Фестивал за современи уметности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.