ЈАС СУМ ГРЕТА (I Am Greta) на Натан Гросман (Nathan Grossman) е приказна за тинејџерската климатска активистка Грета Тунберг, која стана глобална ѕвезда, раскажана преку впечатливи и досега невидени снимки. Филмот викендов може да го погледнете во Кинотека.
20 МАЈ (САБОТА), 18:00 ч.
ЈАС СУМ ГРЕТА
(I Am Greta)
Документарен филм, Шведска / САД / Германија / В. Британија
2020, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Натан Гросман (Nathan Grossman)
Сценарио: Хана Лејонквист, Пер Киркегард, Олоф Берглин (Hanna Lejonqvist, Per K. Kirkegaard, Olof Berglin)
Учесници: Грета Тунберг, Сванте Тунберг, Никлас Свенингсен, Антонио Гутереш, Арнолд Шварценегер (Greta Thunberg, Svante Thunberg, Niclas Svenningsen, António Guterres, Arnold Schwarzenegger)
Приказна за тинејџерската климатска активистка Грета Тунберг, која стана глобална ѕвезда, раскажана преку впечатливи и досега невидени снимки. Почнувајќи од нејзиниот самостоен училишен штрајк пред Шведскиот парламент, камерата го следи подемот на Грета, срамежлива ученичка со Аспергеров синдром, чие влијание се шири насекаде во светот, придружувајќи ја на нејзиното неверојатно патување со едрилица преку Атлантскиот Океан за да зборува на Самитот за климатска активност на ООН во Њујорк.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.