Денес, во галеријата ОСТЕН, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на Панде Петровски, насловена „Метаморфози“. Воедно ова е и најавна изложба на Остен Биенале 2024.

Најновиот циклус на Панде Петровски – Матеморфози, не само што е повеќе од циклус, туку е и своевиден автохтон, обемен опус, дневничко и упорно запишуван со специфичен ликовен јазик: зрел, изграден и сериозно обликуван и духовно преобразуван во потполна ликовна посветеност. Тоа своевидно виртуозно воспевање на елементарната линија, која најчесто е вистинската, елементарната, суштинската и најдлабоката азбука во сликарството.

 

Циклусот „Метаморфози“ е творечки резултат на потполно изградена комплетна ликовна зрелост, со линиски бравури кои не се во функција само за изразот на творечкото – цртачкото сугестивно изразување туку пред се се сериозен и исклучително важен мисловен, симболичен и асоцијативен јазик во изградувањето пред се на една неповторлива и мошне значајна поетско мисловна композиција.

Таа композиција ги следи неговите зрели, синтетизирани, лаконски изразувања, но и ги следи неговите изградени, современи и мошне иновативни композициски структури кои создаваат одреден ликовен свет чии аналогии се во своевидна паралела со актуелните цртачко – графички достигања, проблесоци, карактеристични за современото светско творештво.

 

Изложбата ќе биде достапна за посетителите до 14 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.