Македонскиот вајар Никола Смилков ги изложи своите дела во Њујорк, САД. Тој за МИА од Њујорк вели дека изложбата е со наслов „INNER FEELINGS“, а е отворена од вчера во Македонскиот културен центар во Њујорк. На изложбата се претставени осум скултури во мермер и бронза.
Луција Ѓурашковиќ, историчар на уметност за делата на Смилков вели дека овој вајар своето уметничко дело, како од самите негови почетоци да го поврзува со таинствени нишки со култниот однос кон човечката фигура, особено женската, како центар на микрокосмичките случувања.
За неговиот создавачко-креативен импулс, фигурата претставува како интуирање на смислата на еден реално даден облик, така и особена загатка со определена материјална таинственост низ која еманираат ирационални димензии на уметничкото, кое подразбира, и ликовно, и психолошко, и духовно, со осмислување на важните димензии на архетипското. Сведена, кубистички поедноставена, во дискурс на минимализмот прецизно обликуваната форма, оддава низ призмата на ликовното, необично важни, суштински ознаки на значењето во самата своја содржина, вели Ѓурашковиќ.
Универзитетскиот професор Смилков предава на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Пред еден месец своите дела ги изложи пред публиката во Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.