Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фото-монографијата на Игор Цветковски го документира чувството на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа. „Низ 100 страници и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фото-монографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на ковид пандемијата во Лазарополе”, вели Игор Цветковски, автор на првата фото-монографија „Лазороска“.
Монографијата почнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе. Дело, низ кое може да се види тишината и чуе звукот на природата низ заживеаната песна „Лазороска“ на млалдиот композитор Мартин Данчев, во дип хаус преработка. Промоцијата на фото-монографијата и изложбата ќе бидат во Мала Станица вечерва со почеток од 19:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.