Изложбата „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ ќе биде поставена на 16 ноември (среда) во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност.
На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми.
Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.
Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.