Државниот архив на Македонија и Државната агенција ,,Архиви” на Република Бугарија подготвија заедничка изложба насловена „Стари балкански фотографии” на која се прикажани архитектурата, народните носии, обичаите и занаетите од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век на балканските простори.
Изложбата, што ќе трае десет дена и која ја подготвија експерти од двата Архива, е отворена во Музејот на Македонија од директорот на Државниот архив, Емил Крстески, неговиот бугарски колега, Михаил Груев и Јасмина Дамјановска, а обраќање имаше и амбасадорот на Бугарија во нашата земја, Ангел Ангелов.
„Оваа изложба го потврдува значењето на фотографијата, како важен историски извор на кој треба да му се посветува големо внимание во интерес на зачувувањето на нашата историја, култура и традиција, нагласи директорот на Државниот архив, Емил Крстески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.