„Сликарството на патот на хуманоста“ е насловена изложбата со слики на канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос, што утре ќе биде отворена во „Прличевата одаја“ на охридската библиотека „Григор Прличев“.
Десетина слики на платно за публиката, како што соопшти Библиотеката, ќе бидат достапни до петок.
На македонската турнеја ова лето Клос своите уметнички дела ги претстави во Свети Николе, а по Охрид ќе има изложба и во Куманово.
Канадскиот уметник Клос, имал реализирано околу 130 самостојни изложби во интернационални и национални галерии во Романија, Соломонските острови, Виетнам, Словенија, Хрватска, Турција, Египет, Франција, Германија, Русија, Казахстан.
Покрај во Охрид, најавена е изложба и во Куманово, а негови дела беа претставени и пред светиниколската публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.