Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет по повод одбележувањето на шеснаесеттата година од своето постоење, организира изложба на дела на студентите од графички, моден и ентериер дизајн под наслов „Имагинариум“.

Изложбата ќе биде поставена вечер во 20.00 во големата хала на поранешната печатница, во просториите на Европскиот Универзитет

Идејата е преку делата на студентите да се покаже процесот на креативен развој и создавање на професионалните кадри од областа на дизајнот. И оваа година, студентите од првиот и вториот циклус ќе прикажат нови трудови и свежи креативни достигнувања од редовните наставни активности, но и од учествата на конкурси за дизајн, проектите, изложбите, модните ревии. По две изданија на годишната изложба во дигитална форма заради глобалната пандемија, овој пат се организира со физичко присуство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.