Авторката Ирена Павлова Де Одорико, којашто живее и твори во Италија,  е годинешниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво.

Наградата е доделена со одлуката од жири-комисијата на „Струшките вечери на поезијата“, во состав Славе Ѓорго Димовски, Драгана Евтимова и Митко Гогов, а ѝ е доделена за поемата „Светец“.

Поемата „Светец“ е специфична за целокупното творештво на Де Одорико, бидејќи за првпат се одлучува да пишува преку машки фиктивен лик, така наречен Петкамен Петко, кој е создаден од страна на народот, лик-гласник што носи утеха за подобри времиња и предизвикува духовен интерес, хуманост, љубезност и ги учи луѓето на љубов и емпатија. (Претходите ликови во сите нејзини книги се познати женски ликови, како на пример Силвија Плат и други.). Името го добил токму од играта што се игра со пет камчиња и која многу сакал да ја игра и по која го добил прекарот: Петкамен Петко. Бидејќи потекнува од мало место, одлучува да шета низ светот, неговите откритија за човекот и светот длабоко го разочаруваат, но не се откажува од својата мисија. На тој начин, неговиот лик добива функција на месија, односно духовник и помошник на народот. Содржината на книгата совршено се вклопува со корицата на книгата, на која илустративно се откриваат почетните четири букви СВЕТ, а внатре во зборот СВЕТ се наоѓа зборот СВЕТЕЦ, човек што стои на бесилка, но на главата има ореол – рече Драгана Евтимова, дел од жири-комисијата.

Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, новинар, која моментално живее и работи во Италија, каде што неуморно ја претставува македонската култура и литература. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година. Нејзините песни се застапени во многу македонски и светски антологии.

Ви се заблагодарувам на оваа престижна награда. „Светец“ или Петкамен Петко е секој од нас, оној што ќе ја изоди голготата и ќе воскресне по патот на една вистинска свесност. Петко е сиромашен, битник, неосвестен светец, глас на народот во мене, мноштвото, кое обратно, од индивидуализација,по Јунг,патува низ него, Кин комплетна самосвест, низ афрадануе, до светлината – изјави Де Одорико.

За време на доделувањето на наградата, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, додели благодарница на „Струшки вечери на поезијата“ за 15-годишната соработка.

Денес ја добив престижната награда: Стојан Христов”за најдобра поетска книга за дводомни поети

За поемата : ,,Светец”.

И’ благодарам на комисијата: Драгана Ефтимова, Славе Ѓорѓо Димоски и Митко Гогов.

Им благодарам на ,,Струшки вечери на поезија” и Агенцијата на иселеништво

Благодарам Маједонијо и сакан народе мој .., соопшти на својот фејсбук профил, македонската поетеса,  Ирена Павлова Де Одорико.

Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, романописец и новинар. Дипломирала и магистрирала на Општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Работела како новинар во повеќе соисанија и медии во сектор за култура, а со иста дејност се занимаваше и повеќе години во редакција за култура на телевизија Телма во Скопје.

Во 2001 година е мегу десетте финалисти за Европа за наградата: „Рома- Тиволи- Европа“. Истата година учествува на Светскиот поетски фестивал, Венециското биенале,од каде е селектирана во светската поетска антологија под наслов: „Специјална едиција на Венециското биенале“.

Ирена Павлова – Де Одорико живее и работи во Венеција, Италија, каде неизоставно ја претставува македонската култура. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година, а нејзините песни се застапувани во многу наши и светски антологии.

Од 2015 – та активно твори и на македонски и на италијански јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.