За време на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, Гете-институтите Атина, Анкара, Белград, Истанбул, Измир, Скопје, Софија, Солун и Гете-центар Тирана ќе нудат многубројни настани во онлајн и офлајн формат во регионот. Тие ќе бидат наменети за младите, нивните родители, како и наставници и други заинтересирани лица.

Конкретно, преку интервенцијата „Проѕирниот човек“, Гете-институтите во Југоисточна Европа им се обраќаат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост и преознавање на феномените како сајбер-булинг, идеали за убавина, лажни инфромации и онлајн зависност.

Интервенцијата „Проѕирниот човек“ ќе се отвори на 25.10.2022 во „Јавна соба“ во присуство на проектните партнери, каде со поздравен говор до присутните ќе се обратат Амбасадорката на Сојузна Република Германија, г-ѓа Анке Холштајн и Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Адмирим Алити, и со тоа ќе го означат стартот на инцијативата.

Во последователните две недели таму најпрво ќе може да се види изложбата „What the Future Wants“ на Берлинската невладина организација „Tactical Tech“, која беше создадена заедно со млади од Македонија и други земји од регионот. Преку јазик и дизајн соодветен за млади, изложбата се надоврзува на животната реалност на многу млади. Со тоа „What the Future Wants“ ги мотивира младите, интерактивно да се осврнат на актуелните теми од виртуелниот свет.

Оваа интервеција е поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно. Степенот на општествено, политичко и културно влијание на овој феномен остава трага врз секојдневието во многу земји во Југоисточна Европа и светот. Личности од политиката и стопанството се обидуваат со помош на таргетирано користење информации да се позиционираат и да остварат добивка – често на сметка на заштитата на податоци и приватноста на луѓето. Луѓето често пати се повикуваат на непроверени извори и на тој начин создаваат лажни информации кои набрзина стануваат вирални и делумно имаат фатални последици врз граѓанското општество.

За време и по изложбата која ќе трае до 4. ноември, заедно со граѓанската организација „Метаморфозис“ ќе се понудат многубројни настани и активноси, како  работилници за млади и наставен кадар, разговори со експерти, настани од информативен карактер за родители, анонимни советувања од страна на специјалисти за млади, натпревари и регионални средби за млади.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.