Идејно-графичкото решение на Милан Димитриев станува визуелен идентитет за „50 години МКЦ“, соопштија од Младинскиот културен центар.

Ви благодариме на сите што испративте дизајн за Конкурсот за визуелен идентитет на јубилејот „50 години МКЦ“. Ви благодариме и за вложениот труд и приказните од вашиот процес на работа. Ни потврдивте дека го доживувате овој „Дом на млади“ на посебен начин и го чувствувате како свој.

Поради високиот квалитет на понудената апликација, Комисијата одлучи да му даде пофалница на второрангираниот Гоце Велески

Селекцијата беше направена од програмскиот колегиум на МКЦ, а финалниот избор го направи петчлена стручна комисија. Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000,00 денари.

На следниов линк можете да ги погледнете резултатите од конкурсот за визуелно обликување „50 години МКЦ“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.