49. издание на Млад отворен театар (МОТ) во Скопје се затвора вечерва со два хит перформанси.

Во Младински културен центар (МКЦ) во салата „25 мај“ од 19 часот е „Сè што е важно“ од Грција.

Двајцата интерпретатори, но исто така и пријатели, соработници и уметнички партнери, навлегуваат во заедничката архива на сценските движења, танцови практики и белешки, кои иако црпат од минатото, сé создаваат во сегашноста и на сцена. Две години по последна претстава „Луси“, туторијал за еден ритуал, соработката меѓу Марта Пасакопулу и Арис Пападопулос е ставена под микроскоп и испитувана во обид да се изглуми пријателство на сцена. Во процесот на откривање, што е вистински важно, тие одново го обликуваат, повторно се претставуваат и на површина го вадат тој меѓупростор. „Ничија сопственост, потенцијално да биде на двајцата“. Публиката е присутна како уште едно стојалиште, одраз на пријателството на овие двајца и неговата потреба од сведок.

Од 21 часот во кино „Фросина“ во МКЦ е закажан украинскиот перформанс „Танцот на смртта“.

Перформанс „Танцот на смртта“, е создаден кратко по почетокот на руската воена агресија. Брилијантната украинска музичка и изведувачка група „Ќерките на Дак“ од Киев, се стекнаа со меѓународна популарност затоа што шест актерки и пејачки ги раскажуваат приказните на жени од Украина – приказни за војната и нивните секојдневни животи и нивните семејства и за тоа како ова го има променето нивниот однос кон животот.

Нашиот тим во Современиот уметнички центар Дак одлучи да започне театарски перформанси во странство, зашто сфативме дека по започнувањето на инвазијата, европското општество повеќе нема да реагира како што беше во првите недели или месеци. Војната полека почнуваше да бледнее и се движеше од вестите на насловна страница до споредни вест. Ни требаа чекори да создадеме нешто што длабоко ќе резонира со народот“ – вели режисерот на кабарето Влад Троитски.

Ќерките на Дак се движат меѓу нивните виртуозни меѓужанровски композиции, меѓу етното, панкот, кабарето и водвил – и не само за да се наслика насилната природа на еден конфликт на еден многу моќен начин, но и за да се обрати кон хуманоста и солидарноста. На сцената се шест жени-артисти, музичарки, актерки, Украинки. Со нас се соочуваат за да пружат отпор, за да се борат, за да продолжат да живеат; ја прераскажуваат војната и нејзиното безимено насилство, корнењето на нивните корења од татковината, прогонот, она за кое што не се зборува. Со огромна сила и ранливост, неуморно го раскажуваат нивното заминување и пристигнување, раскажувајќи ја приказната на оние што останале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.