Денеска (5 септември) во 19 часот во спомен-собата на Миладиновци во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се одржи разговор со Жарко Кујунџиски, автор на „Сфинга на гневот“, која е книга на месецот во Библиотеката.
Разговорот и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“, што Библиотеката ја најави на први септември, а ќе трае до јуни следната година.
„Сфинга на гневот“ е национален кандидат за престижната меѓународна награда „Балканика“ за 2021 година. Разговорот со Кујунџиски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.
„Станува збор за интригантен и вешто смислен роман, жанровски и стилски палимпсест, со кој Кујунџиски пристапува во досега неистражени предели на нашата проза. Книгата, во издание на „Антолог“ се движи меѓу границите на мистеријата и книжевниот трилер и досега има две изданија“, велат од Библиотеката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.