Со зборовите „Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ е важен и урбан дел од градското јадро на Битола…“ почнува кусиот филм „Старецот на сите генерации“ со кој учениците од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ дадоа свој придонес во одбележувањето на 79 години од почетокот на наставата на македонски јазик.
На денешен ден, 6 февруари, 1945 година започна наставата на Македонски јазик и оттогаш, 79 години исправено се носи со сите воспитно-образовни предзивици кои ги носи текот на времето.
Токму овде во оваа Гимназија своите почетоци ги бележат познатите македонски писатели и академици Коле Чашиле, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, потоа академикот и професот на Правниот факултет Владо Камбовски, Ѓорѓи Филиповски…
Филмот е режија на Давид Козаров, сценариото е дело на сите учесници во филмот.
Улогите ги толкуваат: Борис Граматковски, Ана Спасеска, Дарко Велкоски, Илина Козарова, Горазд Петровски, Ангела Наумовска, Мими Марковски , под менторство на проф. Биљана Т. Димко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.