Квартетот „Агат“ од Франција вечерва ќе настапи во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот „Охридско лето“.
Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Во овој состав членуваат виолинистите Адриен Јуркович и Тома Декан, виолончелистот Симон Јашеме и Рафаел Пањон на виола.
Квартетот „Агат“ е формиран е во 2016 година, а неговите членови студирале на високата школа за музика „Ханс Ajслер“ во Берлин, во класата на Еберхард Фелц и на Парискиот конзерваториум под менторство на Матју Херцог и Лук-Мари Агуера. Во 2021 година се добитници на меѓународната награда на Фондацијата за млади класични музичари во Лондон (YCAT). Годинава дебитираат во престижниот „Вигмор Хол“ во Лондон и остваруваат рецитали на фестивалот во Вербие, во новата „Таубер“ филхармонија во Вајкерсхајм, на фестивалот „Мекленбург-Форпомерн“, заедно со Квартетот „Ебене“ на фестивалот „Музички столици“, и на повеќе значајни фестивали во Франција како на Фестивалот „ Ноќ на квартети“ во Париската филхармонија и во Брукнерхаус во Линц (Австрија).
Квартетот моментално е резидентен ансамбл при Фондацијата „Сингер Полињак“ и во Про-Квартет во Париз, како и ансамбл во постојана соработка на Фестивалот Ла Бреш во Савој.
Настапуваат на значајни фестивали и во познати сали низ Европа вклучувајќи го фестивалот „Екс ен Прованс“, фестивалот на камерна музика во Хамбург, Музичките средби во Евијан, „Концерверајн“ во Шверин и др, а соработуваат со уметници како пијанистот Франк Брале и квартетите „Модиљани“ и „Ерусалем“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.