на 29ти септември 2022 (четврток), во просториите на Општина Центар (т.н. шарена просторија на извидниците во рамки на бившото Матично) се одржа Интерактивна театарска изведба | Финална презентација во склоп на РАБОТИЛНИЦА: Театар на угнетените – моќни трансформации и трансформации на моќта.
Презентација беше финална изведба, резултат на повеќедневна работа, каде учесниците под водство на Демир Мекиќ, социолог, тренер и практичар на театарот на угнетените, ги истражуваа социјалните проблеми со кои се соочуваат различни општествени групи во нашето општество.
Самата презентација на форум театар беше интерактивна и имаше за цел да ја ангажира публиката, отворајќи простор самите гледачи да го креираат крајот на претставата, барајќи решенија за проблемите претставени во претставата.
Презентацијата Форум театар се состоеше од неколку приказни кои се фокусираа на неколку главни теми: корупција, непотизам, предрасуди, меѓу-врсничко насилство, дискриминација. По изведбите, публиката имаше можност да избере една приказна/тема на која сака да посвети повеќе внимание, во зависност од тоа кој проблем смета дека е актуелен и важен. На овој начин, публиката стана активен дел од претставата, а заедно со изведувачите отвори нов простор за размена на мислења, активизам, општествени промени на микро-ниво, охрабрувајќи ги сите присутни да преземат акција во реалниот живот. По оваа прва изведба, интерактивната театарска претстава ќе се прикажува во училишта. Вака, учесниците, по завршување на работилницата, ќе може да го применат форматот на форум театар и театар на угнетените во нивната понатамошна работа со деца.

Работилницата ја водеше Демир Мекиќ

Демир Мекиќ, социолог, тренер и практичар на Театарот на угнетените. Формалното и неформалното образование, применетиот театар и работата со млади се дел од неговиот професионален развој. Со Театарот на угнетените се заинамава повеќе од 10 години и во тој период го развива својот метод на работа со заедницата во целина преку употреба на театар, со акцент на работа со млади луѓе, во областа на теми поврзани со човекот права, интердисциплинрност и инклузија.

Работилницата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро во склоп на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици 2“ кој се реализира со финансиска помош на Фондација Отворено општество – Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.