Фестивалот на краток филм „Филмај“ 2022 вечерва во 19 часот ќе почне во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев“ – Куманово.

Фестивалот го организира Фото- кино клуб „Козјак“ – Куманово, а влезот е бесплатен. Посетителите можат да ги подигнат билетите во Центарот за култура.

Во два 90-минутни блока , со одредена пауза, ќе бидат прикажани 11 филма, коишто беа наградени или селектирани на конкурсот на „ФИЛМАЈ“.

Наградени филмови се косовскиот „Изместено“ режиран од Самир Карахода, македонскиот „Северен Пол“ со Владимир Самоиловски како директор на фотографија, „Божиќен Ангел” (Грција) по сценарио на Фотис Зампетакис, заедно со најдобриот домашен филм „Обичната Ели“ и најдобар краток филм „Сама“ од Хрватска.

Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се венецуелскиот „Импровизирана земја“, италијанскиот „Свет син“, Work It Class! од Шпанија, австралискиот „Мајсторот“ и „Сочувствување“ (САД), како и домашниот студентски документарец „Мачор“ на авторката Тина Величковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.