По дваесет и седми пат Македонија ќе биде дел од Европските денови на културно наследство, што е најголем европски проект посветен на наследството. Отпочнувањето на манифестацијата ќе биде одбележано на 22 септември 2022 година, во 11:30 часот“, со отворањето на изложбата „Европските денови на културното наследство на Балканот“ во Музејот на Р.Македонија.
Во рамките на манифестацијата, ќе бидат организирани отворања на изложби, работилници, перформанси, едукативни активности и организирани посети со водичи, со учество на триесетина музеи, граѓански здруженија, училишта и други институции од четиринаесет градови и села во нашата држава.
„Европските денови на културното наследство низ цела Европа фрлаат светлина на одржливото наследство. Се очекува сеевропската тема „Одржливо наследство“ да поттикне анализи и иновативни процеси на вреднување на различностите, како и стремеж за добробит на заедниците, на патот кон одржлив развој. Повеќе од 50.000 настани што ќе се реализираат годинава низ целиот континент, имаат за цел да ја препознаат вредноста на заедничкото европско наследство и потребата тоа да се сочува за денешните и идните генерации“, велат од Музејот на Р.Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.