Илјадници години Балканот претставувал крстопат кој креирал мозаик на култури, јазици и религии. Тука живееле Илири, Тракијци, Дакијци, регионот бил под влијанија на Римското царство, на Византија и на Отоманското царство. Низ регионот струелe влијанијата на христијанството, исламот, јудаизмот. Мигрирале народи и Балканот бил сведок на многу војни и преселби. Сето ова претставува тестамент, на богата и комплексна историја каде различни култури, народи и вери, ко егзистирале и влијаеле едни на други.

Преку Балканска музика можат да се почувствуваат  историјата, културата, вредностите, влијанијата, емоциите и социјалните аспекти на Балканот. Балканската музика е поле, кое ги собирало и ги пренесувало сите историски факти преку ритам, мелодија, хармонија и текст.

Концертот „Балканско патување“ е музичко истражување кои се нурнува во балканската суштина и ги осветлува сите бои на разликите и сличностите на балканскиот музички ген.

Концертот ги потенцира одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на целиот регион и за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични.

Преку музичкото истражување, утврдивме мелодиски линии и ритам заеднички за повеќе земји од Балканот испеани на различен јазик. Овие заеднички елементи ги земавме како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.

Фактот дека концертот „Балканско патување“ е инструментален и го игнорира текстуалниот дел ни отвори широко поле на создавање на нови композиции и интерпретација на балканското музичкото ткиво.

Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет – виолина, виола и виолончело, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика кои имаат само еден наслов – балканска композиција.

На ваков начин создаваме покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во светската музичка ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.

Концерт „ БАЛКАНСКО ПАТУВАЊЕ“ – 21.11.2024
Пламенка Трајковска – гудачки квартет
Аранжмани за гудачки квартет од Пламенка Трајковска

ПРОГРАМА:
1. Јовано, Јованке
2. Milo mou kokkino
3. Лилјано моме
4. Kur ti shoh dy syte e shkruar
5. Си заљубив едно моме – Zute dunje
6. Djelem Djelem – Ederlezi
7. Los Bilbilikos – La Rosa en Florence
8. Milica jedna u majke
9. Misirlou
10. Билјана платно белеше
11. Ајшино оро – O moj bukuroshe
12. Izgrajala e mesechinka – На сред село тапан чука – Tou Margoudi kin Alexandris
13. Nishka banja
14. Ој девојче – Uskudar gider iken – Anadolka – Ruse kose curo imas – Mu ne bahcen tende

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.