Вчера со почеток од 12:00 часот во кино Манаки се одржа третиот час од циклусот предавања, кои се составен дел од проектот ,,Еден поинаков историски час”.

Водени од идејата љубовта кон Битола да се негува од најмала возраст, низ историската прошетка ги поведе проф. по историја Александар Јаневски.

Најмладите битолчани имаа можност да се запознаат со најзначајните митови и легенди за нашиот град, кои беа надополнети со кратка историјата за нашиот град, почнувајќи од најдалечното минато па до денес.

Настанот е поддржан од Општина Битола во рамките на програмата од Битфест 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.