На 24 февруари, се чувствував како да не можам да дишам. Како моето најдрагоцено нешто да беше оттргнато од мене… Ништо и никој не може да ми ја одземе величенственоста на слободата и вистината на мојата земја, рече меѓудругото синоќа италијанско-украинската визуелна уметница Софија Чотирбок (1991) чија изложба “Дома пред темница” беше отворена во Мала станица.

Поставката произлегува од биографска епизода на уметницата поврзана со барањето за италијанско државјанство што би значело откажување од нејзиното родно државјанство, украинското. Нејзиното истражување, генерално се фокусира на темата на идентитетот во постсоветското општество и архивата како интимна и домашна меморија, преобразена во универзална човечка материја преку фотографија, видео и ткаенина.

Изложбата е отворена по повод 2-годишнината од руската инвазија врз Украина и ќе остане поставена за јавноста до 1 март 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.