Во галеријата „Метаноја“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде доделена стрип наградата „Лифт“ која ја доделува издавачката куќа „Темплум“.

На петтиот конкурс за стрип наградата пристигнале 16 стрипови од 18 автори, информираат од „Темплум“. Тројцата најдобро оценети автори ќе бидат наградени со книги и стрипови од книгоиздателствата „Темплум“ и „Бункер“ во вредност од 500 евра – 250 евра за првата награда, 150 евра за втората и 100 евра за третата награда.

Жирито на наградата „Лифт“ го сочинуваат: Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Трајановски.

Вечерва може да се погледне и изложбата на најдобрите стрип табли, како и да се проследи промоцијата на зборникот „Стрип награда Лифт #5“. Доделувањето на наградите ќе се одржи во рамки на Малиот новогодишен саем на книги на „Темплум“ кој ќе се одржува од денеска до 6 декември во Метаноја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.