За прием во членство на ДЛУМ потребно е да ја подготвите следната документација која треба да ја испратите на мејлот на ДЛУМ (dlum.mkd@gmail.com)
1. Диплома за завршен Факултет за ликовни уметности
2. Биографија
3. Да приложите фотографии од најмалку 6 дела испратени на мејл на ДЛУМ
4. Да донесете во просториите на ДЛУМ едно делo, комплетно опремено во галериски формат
5. Да уплатите за Конкурсот за прием во членство на ДЛУМ со приложена копија на уплатницата.
Примач: ДЛУМ-Скопје
Трансакциска сметка: 210 040 911 320 116
НЛБ Банка
Износ: 1.500,00 ден.
Цел на дознака: За прием во членство на ДЛУМ
Делото за конкурсот треба да го донесете во канцеларијата на ДЛУМ, Дом на АРМ, во периодот од 23.09 до 25.09.2024 година од 15:00 до 18:00 часот.
За прием на новите членови ќе одлучува Уметничкиот совет на ДЛУМ. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени и кандидатите ќе бидат известени на 26.09.2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.