75 години без свој галериски простор, достоинствени услови за уметниците, нови вработувања , поништување на финансискиот долг кон ГТЦ и поголем медиумски простор за културата се дел од барањата кои членовите на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги упатија вечерва до надлежните институции на почетокот на отворањето на Годишната изложба .

Во моментов е невозможно да се разговара за самоодржливост на ДЛУМ, смета Манева Чупоска кога треба да се врати долгот кон ГТЦ.

Во рамките на „Годишната изложба“ учествуваат 55 автори-членови на ДЛУМ. Вечерва им беа доделени наградите на Ирена Паскали за нови медиуми, Ѓорѓи Динев е добитник на наградата за сликарство, Стефан Младеновски за графика и Синиша Новески е добитник на наградата за скулптура.

извор: телма телевизија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.