Вечерва во МКЦ, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена прва изложба на Ана В’чкова и Вања Кашавелска, насловена „Diversus“ (Различност).
„Diversus“ e воспевање на женската поетика, еден уметнички експеримент за она што навистина претставува – да се биде жена. Делата на сликарките Ана В’чкова и Вања Кашавелска претставуваат своевиден интерпретативен коментари на темата за женското тело и женската сексуалност. Главната цел на делата е да ја нагласат автентичноста на чистата женственост и да дадат автопоетички коментар на она што претставува феминистички сензибилитет, објаснуваат организаторите на изложбата.
Ана В’чкова е дипломирана визуелна уметница при Факултетот за Ликовни уметности УКИМ во Скопје на отсекот сликарство – модул сценографија.
Вања Кашавелска е дипломирана сликарка при Факултетот за Ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство.
Изложбата е поддржана од Министерството за Култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.