Со прифаќање на законот изгласан на 8 декември 2018 година во романскиот парламент, овој ден ќе има посебно значење за целото македонско малцинство во Романија, зашто покрај славењето на Св.Климент тој ќе биде и Ден на македонскиот јазик. Со краток застој заради пандемијата, на 8 Декември годинава, чествувањето на македонскиот јазик ќе продолжи, информира дипломираниот филолог по романски јазик и книжевност, Теа Теохаревска-Иванова.
Покрај коктелот на нејзини песни во препев на Лидија Димковска, Ташко Саров и Јане Теохаревски, ќе биде прикажан и документарниот филм ‘Кирилицата – по врвиците на писменоста во Македонија’.
На прославата меѓу другите, се поканети и романските студенти кои го изучуваат македонскиот јазик при Факултетот за странски јазици на Букурешкиот универзитет и лекторот Елена Ѓорѓиовска“, вели Теохаровска Иванова и додава дека проектот е помогнат од нашата амбасада во Романија и Асоцијацијата на Македонците во Романија (АМR) и финансиран од Фондацијата Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.