Буџетот на Министерството за култура на Франција во 2023 година ќе изнесува 4,2 милијарди евра, што е зголемување за 271 милион (+7отсто), објави министерката за култура Рима Абдул Малак на прес-конференција.

Во 2022 година буџетот на Министерството за култура за првпат надмина четири милијарди евра.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, 711 милиони евра (+1,1 отсто) се наменети за финансирање на кино и аудиовизуелна продукција и видео игри во 2023 година, а 208,5 милиони евра ќе бидат наменети за пропусницата за култура, односно 9,5 милиони дополнителни кредити.

Според министерката за култура, приоритет е „повеќе од кога и да е да се вклучиме во уметничко образование уште од мали нозе и да ја развиеме желбата за култура“.

Министерството за култура, како што рече Абдул Малак ,има намера „да го потврди местото на француското творештво, на францускиот јазик, на француската иновација во дигиталниот океан“. 

Во однос на јавната радиодифузија распределбата за 2023 година изнесува 3,8 милијарди евра. Но, механизмот е тој што се менува, бидејќи таксата е отстранета. Парите наменети за јавната радиодифузија сега доаѓаат од дел од ДДВ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.