Брајан Ино, познат британски музичар, продуцент и визуелен уметник кој во минатото работеше со „Токинг хедс“, „Ју-ту“ и Дејвид Боуви, е следниот добитник на „Златен лав“ за животно дело со особен придонес во областа на музиката, соопштија организаторите на реномираниот Филмски фестивал во Венеција.
Одделот за музика на венециското ‘Биенале’ одлучи да го награди Ино за истражувањето на квалитетот и убавината на дигиталниот звук, за неговото проширување, како и за концептот на акустичниот простор како компонирачки инструмент, се вели во соопштението.
Брајан Ино (74) ја стекна славата уште во 70-тите, прво како основач на поп-бендот „Рокси“, а познат е и по својот придонес во амбиенталната, поп-рок, и електронска музика.
Наградата ќе му биде доделена на свеченоста во склоп на „Биенале музика“ којашто ќе се одржи на 22 октомври 2023 година во Венеција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.