Денес, на битолското културно лето “Бит фест“, во кино “Манаки“ во Битола, завршува филмската ревија „Денови на SEE Film Festival“, во рамките на која се прикажуваа најдобрите наградени филмови на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон.

На последниот ден на филмските денови на “БИТ ФЕСТ“ во Битола ќе биде прикажан играниот филмот „Аман!“ во режија на Гентиан Џикопули од Албанија во траење од 78 минути, кој е награден со награда за најдобра женска улога на Европското жири 2022 за Хелга Мустаферај.

Во 20 часот во Народен театар – Битола, во рамките на “Бит фест“, гостува театарот “Јордан Х.К.Џинот“ со театарската претстава “Четири соби“, според делото на Квентин Тарантино и други автори, режија и адаптација Синиша Евтимов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.