Искршени столчиња, ишарана фасада и остатоци од искршени стаклени шипиња затекнеле утринава вработените пред штипската Библиотека „Гоце Делчев“. Триесттина столчиња на амфитеатарот пред библиотеката биле мета на вандалите кои ги искршиле и ги фрлиле во тревата, а дополнително ја ишарале и задната страна од фасадата.
Сведоци сме на еден вандалски чин, кој е извршен на вчерашен ден во амфитеатарот пред библиотеката „Гоце Делчев“ Штип. Искршени се триесетина столчиња и е уништена со пишување на графити фасадата на библиотеката. Целиот настан е пријавен во МВР и ќе се превземат соодветни мерки со цел казнување на сторителите, вели директорот на Библиотеката „Гоце Делчев“- Штип, Тодор Џидров.
Тој исто така забележува дека не е прв пат овој простор да биде уништен од страна на вандали, а сега штетата се проценува на околу 30 илјади денари. Тој со апел до помладите да го зачуваат она што веќе е направено. На терен утринава беа и полициски случбеници од Полициската станица Штип кои извршија увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.