Секоја прва сабота во месецот ќе биде бесплатен влезот во Археолошкиот музеј на Македонија, соопштија од националната установа, во интерес на посетителите и со желба за поголема посетеност.
Од први ноември годинава до први април 2023 година секој прв ден во месецот ќе биде бесплатен влезот во четири музеи и галерии во Охрид, објави Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од 1 (први) ноември 2022 год. заклучно со 1(први) април 2023 год, се вели во објавата на Заводот.
Објекти за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште и Галерија на икони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.