Археологот од Институтот за старословенска култура од Прилеп, Бранислав Ристески, предупредува дека Стагнира процесот за донесување план за управување и за реанимација на комплексот Маркови кули, како природна реткост и културна целина.
Ристески, кој уште во 2006 година активно беше вклучен во донесувањето на Законот за прогласување на комплексот за споменик на културата, смета дека процесот е вратен чекор назар.
Тој вели дека имало целосна поддршка од Министествата и институциите, но сега е заоставено.
Во 2018 година Институтот за старословенска култура од Прилеп кој управува со споменикот на природата „Марковите кули“ покрена иницијатива за реноминација на просторната целина Маркови кули како мешовито културно добро во кое има исклучителни природни и културни вредности. Природните вредности веќе се наоѓаат на листата за зашита, но културните вредности не се соодветно меѓународно валоризирани. На овие простори има девет споменици на културата, меѓу кои Трескавец, Свети Архангел Михаил, црквите Свети Димитрија, Свети Никола и низа значајни споменици, а има и други кои допрва може да се прогласат – потенцира Ристески.
Тој додава дека станува збор за исклучителен простор, значаен во балкански и во медитерански рамки, кој според него, има единство на природни и културни вредности.
Во почетната фаза имаше целосна поддршка од соодветните Министерства. Но, за жал, властите овие години не се препознаваат во идејата да се интернационализира оваа особено значајна културна и природна, па и како туристичка вредност. Но, во зоната на комплексот е дозволено да се изградат населби. Комплексот кој е на околу 4.000 хектари со незаинтересираноста се доведува до постепено уништување, а тоа ќе има огромни последици и загуби за природното и културно богатство – оценува Ристески.
Тој вели дека најголем индикатор за ваквата ситуација е тоа што и проектот што го реализирал УНДП не се заокружил финално.
Имаме ситуација дури и дека се уништува сето она што го вложуваше Институтот за старословенска култура. Пристапниот пат кој го реконструиравме, објектите кои ги поставивме се користат за пристап до посистематско уништување на просторот. Сѐ што требаше, а се однесува на документација за донесување план за управување и постапката за реноминација за културно-природната целина Маркови кули ние од Институтот доставивме, но процесот е запрен. И на ниво на министерства и на локално ниво. Дури немаме ниту поваратен одговор до каде е тоа блокирање – смета архелогот Ристески.
Комплексот Маркови кули, по кои е и препознатлив Прилеп, како природна реткост, епитетот го добил поради формите на карпите кои ги создала природата низ милениумите, а како културно богатство е зашто човекот низ вековите го градел опстојувањето на овие простори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.