Книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ приредена од историчарот и професор од Велика Британија Роберт Хадсон и Иван Додовски, професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска во 18 часот..
Книгата на англиски јазик ја објави академска издавачка куќа „Палгрејв Макмилан“ од Лондон, а како што информира организаторот, Универзитетот Американ Колеџ Скопје, за книгата е поканет да зборува францускиот дипломат од кариера, амбасадорот Ален Ле Роа.
Публикацијата нуди богата хронологија и современ научен поглед врз значајни аспекти на политичката и културната историја на државата од 1991 година до денес.
Овој научен зборник содржи и поглавја за економски, безбедносни, општествени и културолошки теми за кои пишуваат и девет други научници од земјава: Стево Пендаровски, Жидас Даскаловски, Марјан Петрески, Хирије Абази-Алили, Ненад Марковиќ, Блерим Река, Марина Андева, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Огнен Вангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.