„Битола Шекспир фестивал” вечер продолжува со настап на актери од Италија кои пред публиката во Битола ќе се престават со две уметнички дела, монодрама и балет. Актерката Каролина Пагани ќе ја изведе монодрамата „Хамлетелиа”, авторски проект за кој ги подготви текстот и режијата, но и сценографијата и костимографијата.
Актерката Пагани на „Битола Шекспир фестивал” ги претставува својот театар како и кино-театарот Барети. Нејзината монодрама ќе биде изведена на сцената од битолскиот Центар за култура. Вечерта со италијански уметници се комплетира на сцената „Благој Стефановски-Баге”, со балетот „Ромео и Јулија, последните часови” подготвен од Ина Броек и Валтер Матеини, во кој ќе настапат осум уметници, посочија од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот.
Најновото издание на „Битола Шекспир фестивал” завршува утревечер со настап на актерите од бугарскиот драмско-куклен театар „Иван Радоев” од Плевен кои ќе ја изведат претставата „Хамлет” на Вилијам Шекспир во режија на Ованес Торосјан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.