Во Музејот на современа уметност во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворено 14-то Биенале на млади уметници со наслов  „Будења“ („Awakenings“).

Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и општествени промени, посочуваат од МСУ – Скопје.

 Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.