САД не разбраа зошто руските вооружени сили одлучија да употребат хиперсонична ракета за време на инвазијата врз Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета.
Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа, рече Кирби.
Нејасно е кои биле нивните намери, додаде портпаролот на Пентагон.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков претходно изјави дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.