Двајца комичари од Русија познати по шегите што ги прават на сметка на познатите личности, му се јавиле на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер и лажно му се претставиле како да е Володимир Зеленски. Мислејќи дека разговара со украинскиот претседател, Кисинџер на комичарите им ги открил своите размислувања за саботажата на гасоводот Северен тек во септември минатата година.
Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров познати како Вован и Лексус претствени како украинскиот претседател Володимир Зеленски во измамата го прашале Кисинџер кој според него стои зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија. За потсетување, по експлозијата на „Северен поток“, некои шпекулираа дека зад нападот стојат САД, други го вперија прстот кон Русија, додека Украина негираше вмешаност.
Искрено мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, им рекол Кисинџер. Еден од нив потоа го прашал: “Навистина? Мислеше дека сме ние?! Не, не, не сме…”. Кисинџер потоа одговорил: „Но, јас не те обвинив“, сугерирајќи дека не мислел дека забелешката е критика.
Стогодишниот дипломат, кој беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана најновата личност што била измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.