Со Свечена академија во големата сала на Филхармонија во Скопје вечер Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ќе одбележи 75 години од своето основање.
Според агендата на свечената академија, поздравни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, деканот на Градежниот факултет Горан Марковски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана Ангелова.
По повод овој значаен јубилеј, како што информираат од Градежниот факултет, издадена e и монографија во која, покрај основните податоци за развојниот пат и сегашните состојби на Факултетот, се презентирани и најновите научно-истражувачки достигнувања на наставниот кадар.
Со цел да се поттикне и истакне значењето на меѓународната соработка за остварување повисоки научноистражувачки цели, поканети се истакнати соработници од странство кои во Монографијата ги претставуваат своите актуелни истражувања, дел од нив или даваат преглед на новите светски достигнувања во своите потесни области, се наведува во соопштението.
Научните трудови ќе бидат презентирани на меѓународната конференција насловена како „75 години Градежен факултет – од логаритмар до вештачка интелигенција“ која во рамки на празнувањето ќе се одржи утре (4 октомври) во малата сала на Филхармонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.