Зошто ЕСМ купува поскап гас од оној што се нуди на берзата?, прашува „Плусинфо“, консултирајќи експерти кои велат дека тоа е последица на политиката на владата, а не на некакви јаки економски прогнози и очекувања.
Државната каса, граѓаните и компаниите ќе останат посиромашни за неколку милиони евра, бидејќи тие ќе го платат цехот за оваа политика. Од друга страна, ЕСМ и Владата се правдаат дека е избрана најдобрата опција која е во прилог на заштита на граѓаните од подрастичен ценовен удар, поради непредвидливоста на берзите.
Цената на гасот на светските берзи во моментов е 60 евра за мегаватчас и е драстично пониска од фиксната цена што државава ѝ ја плаќа на бугарската компанија „Балкан јутилитис“ за овој месец – 98 евра за мегаватчас. Цената на берзите беше пониска и од целата по која ЕСМ купуваше гас во јануари. Цените на гасот последните месеци во Европа паднаа повеќе од 45 отсто, а во споредба со максимумите прикажани во август, тие паднаа речиси 5 пати.
Професорот Константин Димитров вели дека за ваквата состојба нема економска логика, бидејќи сè се сведува на политиката што ја води владата, а која се пресликува во одлуките на ЕСМ како државна компанија.
Можеби таа политика е добра за некои избрани поединци, но не е добра за државата, за граѓаните и за компаниите. Не навлегувам кои се причините за таа политика, за што има и шпекулации и многу шеги. Но, треба да го земеме мислењето на македонската компанија која се откажа од учеството на тендерот. Таа тврди дека на тендерот се поставени сомнителни услови и е донесена лоша одлука, која испумпала милионски суми од буџетот. Тоа упатува дека тука има повеќе политика од економија. Факт е дека сега се плаќа повисока цена од онаа на берзите, вели Димитров.
Целата сторија на „Плусинфо“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.