Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари работна средба со заменик министерот за транспорт и врски на Република Бугарија, Красимир Папукчиски. На средбата се разговараше за инфраструктурните проекти што се реализираат на регионално ниво, со посебен акцент на железничкото поврзување помеѓу двете земји.
Бочварски потенцираше дека Македонија е силно посветена на доизградба на железничкиот Коридор 8, процес кој е дел од интеграцијата на транспортниот систем на земјата во Европските коридори.
На средбата се отвори и прашањето за изградба на железничкиот тунел кој ги поврзува двете земји на граничниот премин Деве Баир, како и за отворање на новиот граничен премин Клепало.
Двете страни се заложија да се интензивира работата на меѓудржавната Комисија за поефикасна реализација на инфраструктурните проекти.
На крај, министерот ја потврди значајната соработката меѓу Република Македонија и Република Бугарија и ја нагласи потребата од одржување и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.