Зоран Заев пред изборите зборуваше дека дека до крајот на мандатот на владата повратот на ДДВ од скенирање фискални сметки ќе биде зголемен на 2.400 денари од едно тромесечие,но деновиве од пратениците се очекува да гласаат за зголемување од само 300 денари, па наместо едвај собраните 1.800 денари по корисник засега ќе има можност да се вратат 2.100.
Како што најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска пред некој месец, за тие 2.400 денари „тенденција сумата повторно да се зголеми е во 2024 година“.
Една обична пресметка за време на изминативе празници покажа дека за потрошени 15,000 денари главно за храна и пијалоци , повратот бил околу 150 денари , односно на купени производи за 30,000…околу 300 или 600 денари, зависно дали се домашни или страснки артиклии. Ако се следи овој тренд, за да се добие поврат од 2.100 денари, главно при купување храна и основни производи ќе треба да се потрошат 210.000 денари, рамномерно низ 3 месеци, или 11 минимални плати. Или за поврат од 700 денари месечно, ќе треба да потрошат од 30,000 ако се купуваат исклучиво домашни, односно 70.000 денари во тој месец, ако се купуваат исклучиво странски продукти. Инаку, најголем дел од храната е со повластена стапка од 5%, која не влегува во пресметката. Останатите се со 10. Единствено горивата, акцизните производи и гаредоробата имаат ддв од 18%. Или ако месечно на 50 литарски резервоар се потрошени 4,000 денари, од 720 денари ДДВ ќе добиајт само 72, однсно за 3 месеци нешто над 210 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.