Компании од прехранбената индустрија, иако опфатени со мерката за субвенционирана струја, не ќе може да склучат договори со ЕСМ. Аплицирале, но се одбиени зашто имале фотоволтаици.

Како што велат за МИА од Стопанската комора на Македонија, се работи за носечки компании во одделни прехранбени сектори.

Иако опфатени со мерката за субвенционирана струја од 1 декември, некои компании од прехранбената индустрија, водечки во своите сектори, не ќе може да склучат договори со ЕСМ зашто имаат поставено фотоволтаици, истакнуваат од Комората, но не откриваат конкретно за кои компании станува збор.

Заклучно со 23 ноември, кога истече крајниот рок за пријавување за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена, апликации доставиле 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор.

Согласно одлуката на Владата компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават час.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.