РЕК „Битола“ стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем. Вчера во 11:45 часот, во функција беше ставен блокот 1, а во текот на викендов во мрежа беше и блокот 3.

Блокот 1 на РЕК „Битола“ беше надвор од функција од петокот, поради испадот на 110- киловолтната собирница на МЕПСО.

– Поради прекинот во напојувањето, беа одложени и операциите за пуштање во функција на блокот 3. И покрај проблемите што ги предизвика испадот, стручни лица на РЕК „Битола“ во рекордно време ги оспособија постројките за работи и комбинатот од денес произведува струја од два блока. Ремонтните активности на блокот 2 на РЕК „Битола“ продолжуваат согласно со предвидената динамика – информираат од РЕК „Битола“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.