Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја возобнови и подобри мерката „Купи куќа за млади“, илјадници млади ќе стигнат полесно до свој дом.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има проактивен пристап во градење на услови за останување на младите во Македонија, од креирање на подобра бизнис клима, систем на владеење на право до политики и мерки кои ќе го олеснат процесот на младите за стекнување на сопствен дом.
Мерката „Купи куќа за млади“ која во минатото даде големи резултати, ќе се обнови, но и подобри. Целта е илјадници млади да дојдат до свој дом, да го градат семејството во Македонија и да живеат и творат тука.
Преку мерката „Купи куќа за млади“ се дава сигурност на младите дека Македонија мисли на нив и дека им овозможува услови за добар и просперитетен живот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има младите и луѓето на прво место, за Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.