Само со недоложна реакција на Владата може да им се помогне на земјоделците, кои во моментов се најпогодени од кризата во Укрина. Со итното укинување на акцизата и ДДВ за зелената нафта за земјоделците, како и 0% ДДВ на вештачките ѓубрива веднаш, земјоделците ќе имаат пониски трошоци за производство.

Земјоделците се помеѓу најпогодените од енергетската криза. Високата цена на горивата го зголемува трошокот за производство, a тоа ќе придонесе за намалување на засадените површини и ќе се јави недостаток на домашна храна.

Козметичката мерка која ја донесе владата, а се однесува на намалување на акцизата за 30% не е целосна, затоа што горивата се повторно екстремно високи, што ќе допринесе до намалување на засадените површини со што ќе се јави недостаток на домашна храна, а увозната ќе биде со неколку пати повисоки цени односно ова сериозно дополнително ќе се одрази на семејниот буџет кај сите граѓани во Република Македонија, смета од МВРО-ДПМНЕ.

Поддржувајќи ги барањата на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ бара од владата да се намали ДДВ за вештачките ѓубрива на 0%, бидејќи тие на светските берзи бележат раст и до 100% изминативе неколку месеци, и со тоа во голема мера влијаат на трошоците за производство.

Зголемените трошоци во земјоделското производство се само половина од проблемот со кои што се соочува и допрва ќе се соочуваат македонските земјоделци. Имено во голема мера се нарушени пазарите за пласман, бидејќи македонските раноградинарски култури како и овошјето во значајна мера завршуваа во Русија. Ова ќе значи значително помал извоз и нарушување на пазарот.

Од сите овие причини, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува мерките за помош на земјоделците, кои се поднесени од земјоделските здруженија до владата на Република Македонија и тоа:

1.ЗЕЛЕНА НАФТА – Да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде по литар по единица површина.

2.Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на производните трошоците и нивна исплата пред секоја производна сезона.

3.Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои што се употребуваат во земјоделското производство.

4.Ослободување од надоместокот за  концесија за 2022 година за корисниците  на државно земјоделско земјиште, како и ослободување од пашарина, наводнување и одводнување.

5.Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата.

6.Под ИТНО да се изнајдат алтернативни пазари за пласман на сите земјоделски производи кои што ги произведува нашата државата.

Апелираме владата и владејачкото мнозинство да не калкулираат и да ги поддржат сите овие мерки за доброто и за земјоделците, но и за државата, велат од опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.